Темен режим Режим на светлина

Кривична пријава против тетовец, кој без дозвола вршел јавен превоз на патници

Жител на тетовското село Нераште бил фатен како врши јавен превоз на патници без лиценца.

Според информациите, на 4.2.2022, полициски службеници од СВР Тетово, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, извршиле контрола во возило „форд“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници, без да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М. И. (61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Обвинение за косовски државјани кои граделе бунгалови во Леуново

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Викендов променливо облачно, со локален дожд и снег