Левица: Скандалозен е договорот на градоначалникот Богоев со агенцијата „Рејтинг“ од 279.660 денари

Скандалозно е и неодговорно трошење на парите на граѓаните кое во општина Карпош го направи градоначалникот Стефан Богоев со склучување на договорот со агенцијата „Рејтинг“, соопштија денеска од партијата „Левица“. Партијата реагира на договорот кој на 18 декември го потпишал Богоев со агенција Рејтинг СП-М застапувана од страна на Никола Спасов, за консултантски услуги за оцена на успешноста на реализацијата на програмските активности на општина Карпош во 2020 година. Факсимил од договорот партијата објави на својата официјална страница.

-Овој потпис на Богоев ќе ги чини жителите на Карпош 279.660 денари. Услугата, како предмет на договор, по својата природа е повеќе од скандалозна, а со потпишувањето на овој договор Богоев ги потценува способностите на администрацијата на општината во однос на можноста самата да ја оценува реализацијата на програмските активности. Не само што ваква услуга не е потребна, туку истата е на директна штета на жителите на општината, смета Левица.

Од партијата укажуваат дека ова неодговорно трошење народни пари отвора и неколку сомнежи: Дали Богоев со овие пари си ја плаќа анкетата за претстојните локални избори, дали договорот произлегува од нивната заедничка соработка во НГО секторот, дали Богоев со овој договор ја потврдува неспособноста на својата партиска администрација и зошто Богоев се задолжува за капитални проекти, а основниот буџет го троши на пропаганда?

Претходна вестБројот на смртните случаи од корона вирусот опаднал за 20,4 проценти
Следна вестПолицијата го растури карневалско собирање на вевчанци