Во МКЦ во Скопје на 15 мај популарниот македонски бенд Пеперминт ќе одржи концерт под симболичен наслов „Љубов едно море“ со почеток од 20 часот.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со панк-поп-рок звук, многу хумор, силни емоции и сценска енергија по која „Пеперминт“ веќе со години е препознатлив кај домашната публика.
На сцената со бендот ќе се појават и некои од најпознатите имиња од македонската музичка сцена како Игор Џамбазов, Дина Јашари, Лоши Деца, Кацар, Сенад Усеин и други.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




