Темен режим Режим на светлина

Стартуваа „Плазма – спортските игри за млади“, најуспешните македонски млади спортисти ќе се натпреваруваат во Сплит

Стартуваа „Плазма – спортските игри за млади“, најуспешните македонски млади спортисти ќе се натпреваруваат во Сплит Стартуваа „Плазма – спортските игри за млади“, најуспешните македонски млади спортисти ќе се натпреваруваат во Сплит

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денес свечено беше отворена првата сезона на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа „Плазма – Спортските игри за млади“, а програмата беше збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности.

На свеченото отворање присуствуваа високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца со што Македонија и официјално стана дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади.

Настанот кој го слави спортот, фер-плејот и пријателството, обединува над 27.000 деца од целата држава кои ќе се натпреваруваат во различни спортски дисциплини на локално, регионално и државно ниво, најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
МВР упорно одзема возила, а некои возачи се упорни во возењето без дозвола, кој ќе изгуби во „пресметката“?

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка

Следна објава
„Љубов едно море“ – концерт на панк-поп групата „Пеперминт“ во МКЦ на 15 мај

„Љубов едно море“ - концерт на панк-поп групата „Пеперминт“ во МКЦ на 15 мај