Темен режим Режим на светлина

Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија

Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија

Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра во денарска противвредност за правно лице, откако при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче бил затекнат камион како незаконски одлага градежен отпад.

Според информациите од Општината, камионот бил фатен на локацијата „Купишта“, каде истурал градежен шут и ископана земја спротивно на Законот за управување со отпад.

Општинскиот инспекторат веднаш издал прекршочен платен налог, а за сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра.

Од Општина Аеродром порачаа дека ќе продолжат со засилени инспекциски контроли и дека нема да дозволат создавање диви депонии, загадување и уништување на животната средина на територијата на општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лазаров предупредува: Словачка не смее да се потцени

Лазаров предупредува: Словачка не смее да се потцени

Следна објава
Ново сослушување на еврокомесарката Марта Кос за нејзината соработка со поранешната југословенска УДБА

Марта Кос порача: Во ЕУ има место за земјите од Западен Балкан, проширувањето на ЕУ останува приоритет