Темен режим Режим на светлина

Лазаров предупредува: Словачка не смее да се потцени

Лазаров предупредува: Словачка не смее да се потцени Лазаров предупредува: Словачка не смее да се потцени

Македонска ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за бараж-двомечот против Словачка, кој ќе одлучува за пласман на Светско првенство во ракомет 2027.

Селекторот Кирил Лазаров на првиот собир со тимот јасно порача дека фаворитската улога на хартија нема да значи ништо без максимална дисциплина, концентрација и сериозен пристап.

Иако Македонија влегува како носител во баражот благодарение на претходните резултати, Лазаров предупреди дека Словачка е квалитетна селекција со препознатлив шпански систем и искусен стручен штаб.

„Ова се одлучувачки натпревари каде притисокот е огромен поради големиот влог. Мора да ја научиме лекцијата од минатиот бараж со Фарските Острови, особено за изданието на гостински терен“, истакна Лазаров.

Селекторот нагласи дека секој гол и секоја секунда можат да бидат пресудни, додавајќи дека противникот веројатно ја гледа Македонија како најпосакуван ривал од првиот шешир, што според него треба да биде дополнителен мотив за македонските ракометари.

И покрај тоа што составот е претежно подмладен, Лазаров верува дека тимот ќе одговори со борбеност и голема желба.

„Националниот дрес е светост. Верувам во овој тим. Одиме во Прешов по позитивен резултат пред реваншот во Скопје“, порача селекторот.

Првиот натпревар ќе се игра на 14 мај во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот е закажан за 17 мај во Спортски центар Борис Трајковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Барселона е шампион: Реал падна во Ел Класико на „Камп Ноу“

Барселона е шампион: Реал падна во Ел Класико на „Камп Ноу“

Следна објава
Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија

Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија