Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против 37-годишната И.Б. од Пробиштип поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 15 април 2026 година, кога пријавената влегла во домот на нејзина сограѓанка во Пробиштип и физички ја нападнала.
Во нападот, жената се здобила со тешка телесна повреда, по што случајот бил пријавен и започната била истрага.
По преземените мерки и активности, против И.Б. е поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



