Мајами постави рекорд во НБА, погодија 40 слободни фрлања по ред

Мајами хит славеше со 112-111 против Оклахома сити тандер, а победата ја обезбеди одличниот Џими Батлер на 12,9 секунди пред крајот на натпреварот.

Мајами на овој меч постави и нов рекорд во НБА-лигата по број на погодени слободни фрлања, откако реализираа 40 од 40 удари, па така го урнаа претходниот рекорд на Јута (39) од 1982 година.

Екипата на Батлер во моментов е на осмата позиција во Источната конференција со 22 победи и 20 порази.

Претходна вестМПЦ-ОА стисната меѓу српскиот и цариградскиот томос, што е македонскиот интерес?
Следна вестСо македонски пасош без визи во овие 125 земји