Темен режим Режим на светлина

Македонија ги дозна противниците за плеј-офот за СП

Завршија европските квалификации за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Шпанија и Шкотска го обезбедија своето место на планетарната смотра.

Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 селекции. Последните четири ќе бидат познати во март наредната година кога ќе се одигра плејофот.

Меѓу 16-те репрезентации се наоѓа и Македонија, која место во плејофот избори преку Лигата на нации.

Репрезентациите ќе бидат распределени во четири шешири, според рејтингот. Правилата се дека репрезентација од првиот ќе игра против репрезентација од четвртиот шешир, а оние од вториот за противник ќе имаат селекции од третиот шешир во полуфиналето.

Потоа победниците ќе играат во финалето, а само победниците од четирите финални натпревари ќе се пласираат на Мундијалот.

Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина
Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Трет шешир: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Четврти шешир: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска

Македонија во полуфналето ќе игра на гостински терен, а можно противници се Италија, Турција, Данска или Украина.

Ждрешката за баражот ќе биде извршена во четврток, во Цирих, со почеток во 13 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Милевски го боли начинот на кој загубивме од Велс

Следна објава
Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

Денес започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви - 38 обвинети