Темен режим Режим на светлина

Македонија ЃП и Работнички се селат во Втора лига

Македонија ЃП и Работнички се селат во Втора лига Македонија ЃП и Работнички се селат во Втора лига

Во самиот финиш од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за опстанок речиси доби конечен епилог. Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги загубија шансите за спас и заедно со Шкупи следната сезона ќе настапуваат во Втората лига.

Македонија ЃП на домашен терен доживеа тежок пораз од Тиквеш со 1-4. Кавадарчани уште во првото полувреме создадоа сигурна предност преку головите на Окере и Сила, а во продолжението ја потврдија убедливата победа со уште два погодоци.

Во Струмица, Брера и Работнички одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2. Скопскиот тим поведе уште во 2. минута со голот на Дитмир Хоџа, но Брера експресно возврати преку Никола Величковски.

Величковски подоцна имаше можност целосно да го сврти резултатот, но во 45. минута не реализираше пенал. Во вториот дел Работнички повторно се врати во игра, а конечните 2-2 ги постави Јован Бошнаков во 85. минута.

Во Гостивар, Арсими и Башкими ремизираа 1-1, со што беше заокружено 31. коло во шампионатот. До крајот на сезоната остануваат уште две кола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Конфликтот на Блискиот Исток повторно ја отвора заканата од енергетска криза

Светот изгубил милијарда барели нафта, предупредува „Сауди Арамко“

Следна објава
Драма во Втора лига: Брегалница остана лидер

Драма во Втора лига: Брегалница остана лидер