Темен режим Режим на светлина

Светот изгубил милијарда барели нафта, предупредува „Сауди Арамко“

Конфликтот на Блискиот Исток повторно ја отвора заканата од енергетска криза Конфликтот на Блискиот Исток повторно ја отвора заканата од енергетска криза

Светот изгубил околу милијарда барели нафта во последните два месеци, а на енергетските пазари ќе им биде потребно време за стабилизација дури и ако се обнови снабдувањето, изјави извршниот директор на „Сауди Арамко“, Амин Насер.

Во изјава за „Ројтерс“, Насер посочил дека целта на компанијата е да го одржи протокот на енергија и во услови на силен притисок врз глобалниот енергетски систем. Неговата изјава следува откако компанијата објави раст од 25 проценти на нето-добивката во првиот квартал.

Глобалните резерви на енергија, според него, значително се намалиле поради блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, што предизвикало ограничувања во транспортот и дополнителен раст на цените за време на конфликтот меѓу САД и Израел.

Насер предупреди дека повторното отворање на поморските рути нема веднаш да значи и нормализација на пазарот, бидејќи загубата од околу милијарда барели нафта веќе создала сериозен притисок врз резервите. Тој додаде дека долгогодишното недоволно инвестирање дополнително ја влошило состојбата на глобалниот енергетски пазар.

„Сауди Арамко“ моментално го користи својот нафтовод исток-запад за да го заобиколи Ормускиот теснец и да ја пренасочи суровата нафта кон Црвеното Море. Насер ја опиша оваа инфраструктура како клучна за ублажување на кризата во снабдувањето.

И покрај промените во транспортните рути, тој истакна дека азискиот пазар останува главен приоритет за компанијата и еден од најважните двигатели на глобалната побарувачка за енергија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ученичка од шесто одделение во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од три постари девојчиња

Бран семејно насилство низ државата: Полицијата приведе седум лица

Следна објава
Македонија ЃП и Работнички се селат во Втора лига

Македонија ЃП и Работнички се селат во Втора лига