Македонски семејни винарии: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали

На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали, информираа денеска од Здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци.

-Бележиме одличен настап и успех на вината од македонски производители, членови на нашето здружение, на „Винската визија на Отворен Балкан“ (Wine vision by Open Balkan) во Белград. Со законски олеснувања, за само неколку години, ја оправдавме довербата и со секој нов саем покажуваме и докажуваме дека македонското вино е нешто на што треба да се гордееме, рече за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението.

Тој потсети дека бројот на членови постојано им расте а наградите се добиени во конкуренција на многу држави, не само од Балканот, туку и од Европа.

Претходна вестМуцунски бара Градот Скопје да го ревидира сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“
Следна вестПремиерот сака да ја направи Универзална сала, ама немало слух од Град Скопје