Темен режим Режим на светлина

Макрон разговараше со Трамп и со Зеленски по собирот на европските лидери во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал и со Доналд Трамп и со Володимир Зеленски за да ги информира за вчерашниот собир на европските лидери во Париз.

Лидерите на Обединетото Кралство и на Европската унија вчера се сретнаа на вонреден самит за Украина. Не се знае точно која била темата на разговор, но извештаите укажуваат дека земјите биле поделени околу тоа дали Европа ќе испрати мировни сили во Украина во случај на договор за прекин на огнот.

Макрон на социјалната мрежа Х доцна во понеделникот напиша дека мировниот договор „мора да биде придружен со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украинците“.

-Ќе работиме на ова заедно со сите Европејци, Американци и Украинци. Тоа е клучот, рече Макрон.

Белата куќа го опиша разговорот со Макрон како пријателски, додека Зеленски рече дека се согласиле дека безбедносните гаранции за Украина мора да бидат „силни и сигурни“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Забрана за камиони на превојот Стража поради снег

Врнежи од снег на неколку патни правци

Следна објава

Авион се преврте при слетување во Торонто, нема загинати