Раководството на Манчестер Јунајтед донесе одлука да му врачи отказ на тренерот Рубен Аморим, по вчерашниот нерешен резултат 1:1 на гостувањето кај Лидс Јунајтед.
Како што ексклузивно објави познатиот новинар и инсајдер Дејвид Орнштајн од The Athletic, одборот на клубот ја донел конечната одлука по 14 месеци мандат на португалскиот стратег.
До назначување на нов траен менаџер, функцијата привремен тренер ќе ја преземе Дарен Флечер, кој досега беше дел од стручниот штаб на клубот.
Аморим го презеде Манчестер Јунајтед во ноември 2024 година и во тој период го водеше тимот на 63 натпревари, забележувајќи 25 победи, 15 ремија и 23 порази. Просекот од 1,43 освоени поени по натпревар се покажа недоволен за амбициите на клубот, а тренерот не успеа да изгради препознатлив стил на игра каков што имаше во Спортинг.
Според договорот, Аморим има право на отпремнина од околу 15 милиони евра, но останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе ја исплати целата сума или ќе се постигне поинаков договор меѓу двете страни.