Масакр во Америка, пензиониран полицаец уби најмалку 5 лица

Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави Си-би-ес Лос Анџелес. Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер и на местото на настанот затекнала масакр.

Два извори за овој весник, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Наводно, негова цел била неговата побегната сопруга, која очигледно ја следел до барот каде пукал во толпа луѓе.

Кабинетот на гувернерот на Калифорнија соопшти дека ја следи ситуацијата по пукањето во округот Оринџ, пренесе Ројтерс.

Претходна вестЗошто власта не го одложи ултиматумот за менување на личните карти, пасошите…?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта не е Европа, тие се обични измамници