Темен режим Режим на светлина

Масовни апсења во Катар: 313 лица приведени за ширење гласини за војната во регионот

Масовни апсења во Катар: 313 лица приведени за ширење гласини за војната во регионот Масовни апсења во Катар: 313 лица приведени за ширење гласини за војната во регионот

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека 313 лица се уапсени во земјата поради „снимање, ширење и објавување лажни информации“, во услови на зголемени тензии во регионот на Блискиот Исток.

Во соопштението кое министерството го објави на платформата X се наведува дека меѓу приведените има лица од различни националности. Веста ја пренесе и британскиот весник The Guardian.

Според информациите, апсењата се поврзани со објавување содржини за актуелната безбедносна состојба во регионот, во период кога траат тензии поврзани со Иран и воените операции што ги спроведуваат САД и Израел. Во исто време, во регионот се регистрирани и одмазднички напади од страна на Иран врз земјите од Персискиот Залив, меѓу кои се споменува и Катар.

Од катарското Министерство за внатрешни работи соопштија дека апсењата се дел од „континуираните напори за следење и справување со злоупотребата на платформите на социјалните медиуми“. Според нив, дел од приведените лица се сомничат за снимање и дистрибуција на неовластени видеа, ширење лажни информации и гласини, како и објавување содржини кои можат да предизвикаат јавна вознемиреност и паника.

Властите во Катар нагласуваат дека ваквите активности се спротивни на официјалните директиви и законските прописи во земјата, особено во време на зголемени безбедносни ризици.

Министерството апелираше до граѓаните и до жителите во земјата да се воздржат од снимање и објавување видеа поврзани со актуелната ситуација, како и од ширење непроверени информации. Воедно, јавноста е повикана да се информира исклучиво преку официјалните извори и институции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пет навики кои помагаат во намалување на лошиот холестерол

Пет навики кои помагаат во намалување на лошиот холестерол

Следна објава
Времето денеска мирно претпладне, дожд можен кон крајот на денот

Променливо облачно време со услови за слаб дожд