Темен режим Режим на светлина

Мицкоски со Гренел зборувал околу можноста за американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“

Денеска заедно со Министерот за надворешни работи, Тимцо Муцунски, остваривме средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во обајвата на неговиот профил на фејсбук Мицкоски наведе дека на средбата се дискутираше за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што беше истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа. Посебен акцент беше ставен на односите со САД, како и на можностите за нивно дополнително зајакнување.

-Ги анализиравме можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во наведениот контекст беше разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата. Изразив посебна благодарност до г. Гренел за неговата посветеност во градењето на севкупните односи помеѓу двете земји. Притоа истакнав дека Владата останува силно посветена кон продлабочување на стратешката соработка, со особено внимание во областите на владеење на правото, економијата и енергетиката, наведува премиерот Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР

Истражување: Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста

Следна објава

Сиљановска Давкова и го предаде државното знаме на Наковска Бикова во пресрет на Параолимпијадата во Париз