Темно Режим Светло Режим

Млад штипјанец пукал кон сограѓанин поради долгови

Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него

Штипјанец на возраст од 21 година е приведен во полицијата, бидејќи се сомничи дека со пиштол пукал кон негов сограѓанин, но не го погодил. Од МВР велат дека причината биле нерасчистени должничко – доверителски односи.

Од приведениот биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм. Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Во Берлин најавена линија со лебдечки воз, достигнува брзина од 500 километри на час

Следниот Пост

Инцидент во Собранието: Крмов и Апасиев со кршење на компјутер и фрлање хартии ги бранеа своите амандмани за Деловникот