Темно Режим Светло Режим

Монако гради луксузен кварт на море, квадратот ќе чини до 120 илјади евра!

Малото кнежевство со вкупна површина од 2,03 км2 и население од 39.000 луѓе, веќе се прошири за 40 хектари кон морето во 1950-тите, но последниот проект започнат во 2015 година е неспоредлив, дури и кога се споредува со зградите на Блискиот Исток, благодарение на строгите сеизмички и еколошки прописи, а исто така и поради длабочината. Идниот луксузен кварт ќе се гради буквално „на море“, поточно на подводен насип длабок 50 метри. Се наоѓа веднаш до форумот Грималди, конгресниот центар во Монако и вклучува пет згради, вкупно 130 станбени единици и десет вили.

Луксузниот станбен комплекс го дизајнираа италијанскиот архитект Ренцо Пиано и компанијата Валоде ет Пестре. Досега се продадени речиси сите станбени единици. АФП пишува дека цената на квадрат во Монако може да биде и до 120.000 евра. Допрва треба да се доизградат градините кои ќе се раззеленуваат, а населбата ќе има шеталиште покрај море, мало пристаниште и парк достапен за секого, објави Индекс.хр.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ДУП за „Расадник“ ќе се прави од најдобрите трудови на конкурсот, со 80 отсто помалку згради и нов голем парк

Следниот Пост

Тони Лазов освои велемајсторска норма на Европското екипно првенство во шах