Темно Режим Светло Режим

Мораше ли да се преполнат градските управни одбори со дури 117 членови и кога тој број ќе се намали?

Ќе одговара ли некој за досегашното недомаќинско работење во скопските јавни претпријатија? Ќе одговара ли некој за досегашното недомаќинско работење во скопските јавни претпријатија?

Скопскиот градски совет вчера назначи нови 117 в.д. членови во управни и надзорни одбори на јавните претпијатија.

До некаде држат објаснувањата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека ова било неопходно за да не се блокира работењето, оти мандатите на претходните завршиле, но сепак ова е директен финансиски удар врз јавните претпријатија, кои и онака со години се во состојба на хронична финансиска исцрпеност.

Со огромни долгови, со блокирани сметки, со дотраена опрема и недоволно средства за основни услуги, сега тие имаат уште една ставка што треба редовно да ја плаќаат – надоместоци за новите одбори.
Не дека и досега не ја плаќале. Новите одборници, само ги заменуваат старите на кои им завршил мандатот. Ама нели требаше оваа бројка да се намалува?

Зошто му се потребни на Град Скопје толку многу членови во управни и надзорни одбори? Праксата покажа дека бројноста не значи и поголема ефикасност, туку често спротивното.

Па нели во јавните претпријатија биле потребни итни реформи што ќе донесат заштеди и подобрување на услугите, а под реформа не се подразбира обемни состави на управните одбори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Дали извозот на мозоци од починати лица од Македонија во САД бил според стандардите, проверува Обвинителството

Што ќе открие новиот обвинител во фиоките, дали биле „држени“ предмети за да не влезат во процедура?

Следниот Пост

Божиновска објави историски раст од 218% на приходите од концесии