Две лица на возраст од 28 и 24 години од Скопје утрово се пронајдени мртви во автомобил во населбата Чаир на бул.„Македонско – Косовска бригада“, потврди МВР.
Претходно во СВР Скопје било пријавен пукање утрово во 2:35 часот во СВР Скопје, а полицијата кај бензинската пумпа на Макпетрол на самото место пронашла „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица без знаци на живот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај двете лица, а на самото место се пронајдени чаури од пиштол и автоматска пушка, а лицата се идентификувани.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Куманово изјави дека се прави детална истрага за настанот и најави повеќе детали во текот на денот.