На 25 септември, во сабота е „Бела ноќ“

Со целовечерни културно-забавни случувања и оваа година ќе се организира „Бела ноќ“. Денот е сабота, 25 септември.

Организаторите информираат дека поради почитување на мерките за заштита на КОВИД-19 ќе биде потребно приложување на сертификат или за вакцинација или дека сте прележани, а поради запазување на капацитетот и бројот на присутни посетители, ќе важи правилото „прв дојден – прв услужен“.

И оваа година „Бела ноќ“ нема да помине без локациите Градскиот парк, Дом на градежници, Чифте амам и Младински културен центар, а во населбите Драчево и Ченто ќе се одржи „Кино на трева“.

Претходна вестДиректори на училишта, зошто јавно не и кажете на министерката дека немате таблети за секое дете?
Следна вестКазнети 161 возач во Скопје, 35 за брзо возење, 16 немале дозвола