Темно Режим Светло Режим

На аџилак само со доказ за вакцинација против ковид

Саудиска Арабија денеска соопшти дека оние кои сакаат да одат аџилак оваа година ќе треба да докажат дека се вакцинирани против ковид-19.

Според тамошното Министерство за здравство, тоа ќе биде главен услов за присуство во Мека.

Минатата година само мал број аџии од Саудиска Арабија добија дозвола да учествуваат.

Во соопштението сега не се прецизира дали и оваа година ќе биде така.

Оваа година, петдневниот аџилак почнува кон крајот на јули.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Убаво, активисти го ослободија Калето од кубици отпад

Следниот Пост

Речиси двојно зголемен бројот на нови пациенти во ковид -центрите во Скопје