Може да биде погубно за системот за вода „Нерези Лепенец“ ако продолжи начинот на кој се гради паркот во Карпош 4, предупредуваат стручњаците. Имено местото каде се прави паркот е во непосредна близина на бурињата од т.н. зона 2, се копаат огромни дупки и се полнат со градежен шут, но не од дозволениот – децидни се експертите.
-Ако знаеме што значи тој бунарски систем Нерези Лепенец за жителите на Град Скопје, во некои делови повисоки, посебно во Општина Карпош каде што и нема доволно притисок, недостаток на вода, а некој си дозволува такви активности. Другиот елемент којшто е позагрижувачки депонирањето на отпад и шут во ископините, тоа директно ќе влијае на измена на квалитетот на подземните води, вели дипломираниот инженер хидрогеолог, Костадин Јованов.
Предупредуваат итно да се исчисти наполнетата почва од овие дипки, за да не им се наштети на подземните води.
-Да се извади целиот тој шут, песокот не може да се врати да се направи таа природна средина, но со вадењето на шутот може барем колку толку да се интервенира во делот на она што значи заштита на квалитетот на тие подземни води, вели Јованов.
Уште минатата недела градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев се произнесоа дека било вообичаено при вакви активности подземјето да се полни со шут.