Темен режим Режим на светлина

Најдена 14-годишната Клара

Најдена е 14-годишната Клара од скопската населба Илинден по која од синоќа се водеше интензивна потрага. Наоѓањето за медиумите го потврдила нејзината мајка Ивана Т.

Девојчето било најдено кај Транспортниот центар во Скопје. Центарот бил една од двете локации (покрај Градскиот парк) каде се одвиваше засилена полициска потрага бидејќи преку скриен телефонски број мајката добила известување дека девојчето по семејната караница со автобус 63 заминало од Илинден во центарот на Скопје. На мајката и било посочено дека девојчето ќе преспие на отворено или на Железничката станица во Скопје или во Градскиот парк.

Полицајците и блиските роднини и пријатели на Клара од претпладнево ги пребарувале двете локации, а кај Железничката станица (Транспортен центар) е најдена девојката во добра и стабилна здравствена состојба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Подобро е 560 милиони евра да се потрошат за брза пруга до Грција отколку за пруга без крај до Бугарија

Следна објава

Почина Симон Беличанец, доајен на македонското спикерство