Градењето на пругата кон Бугарија доживува нова пречка.
За тоа се погрижиле се уште непознати крадци кои од трасата украле работни машини со кои се гради трасата.
МВР соопшти дека кражбата се случила на градилиштето на пругата во Бељаковце
-Во СВР Куманово било пријавено дека во периодот од 26.
до 29. јули на пругата во изградба во село Бељаковце, кумановско, биле одземени работни машини, сопственост на фирма ангажирана на изградба на пругата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


