Темен режим Режим на светлина

Не е добро за Македонија функционерите на СДСМ да се максимум исцрпени

Maкедонија ја тиштат многу проблеми. Економска криза, политички хаос, крајно несредено здравство и образование… Се се тоа тешки задачи на кои владата на ДУИ и СДСМ треба да дадат конкретен одговор, да сработат нешто за да дојде до подобрување на ситуацијата. Го прават ли тоа, можат ли да постасаат оти многу работа има?

Главните функционери на ДУИ деновиве повеќе ги гледавме како играат фудбал по канцеларии, нешто и стаботуваа сликајки се покрај отварање плочи, ама се чини поголем напор вложија во подготовски за партискиот митинг во Чаир.

Сега гледаме дека и СДСМ запнува, ама и тамошните функционери се усмерија кон митингување. Социјалдемократите започнаа големата теренска активност под слоганот „Рамо до рамо до победа“. Со граѓаните ќе разговарале за актуелни теми и ќе биле најавувани следните активности.

За уверувањето дека ќе биле работливи покажува и податокот кој го изнесоа – во наредниот период партиски (читај воедно и државни) функицонери ќе посетеле дури 946 населени места низ Македонија. Ќе влегле во „секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница“.

Па кога овие луѓе ќе најдат време и енергија за сето ова, кога по цел ден силно работат на решавање на кризите во земјава? Да решиш хаос во образование, здравство, стопанство… бара многу време, тимска работа, посветеност – кои тие не уверуваат дека го даваат.

Ако е така, не е добро функционерите на СДСМ да се исцрпуваат до максимум дури и повеќе од тоа и со дополнителни шеткања и митингувања низ Македонија. Ќе се преморат – не го заслужуваат тоа, а и наскоро нема да можат важните работи за граѓаните, за кои се скапо платени, да ги дозавршат.

Плус тоа митингување е многу скапо, а нели требаше да се штеди? Плус нели далеку се изборите? Плус нели секој ден ни кажуваат што прават и што планираат да прават преку медиумите и скапо платените реклами на интернет? Плус…

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Демократски сојуз: Неквалификувани партиски кадри раководат со јавни претпријатија

Следна објава

Левица: ДУП-от изгласан од ДПМНЕ и СДСМ во интерес на „Пуцко Петрол“ укинат на Уставен