Темен режим Режим на светлина

НЕМА ДОГОВОР!!! Делегациите на САД и Иран го напуштија Пакистан

САД – Иран преговори: Дали гласот на разумот ќе го стиша звукот на ракетите САД – Иран преговори: Дали гласот на разумот ќе го стиша звукот на ракетите

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека американската делегација го напушта Пакистан откако, и по 21 час преговори, не е постигнат договор со Иран. Тој нагласи дека преговорите биле сериозни, но без резултат, бидејќи Иран не ги прифатил условите поставени од САД.

Според Венс, клучен спорен момент било барањето Иран да се обврзе дека нема да развива нуклеарно оружје, што Техеран одбил да го прифати. Поради тоа, американските преговарачи се враќаат дома без договор, со што пропадна најновиот обид за дипломатско решение на конфликтот.

Неуспехот на разговорите дополнително го доведува во прашање кревкото примирје и ја зголемува неизвесноста околу понатамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток.

Дека преговорите не успеале потврди и официјален Тхеран. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи изјави дека договор меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во Исламабад не е постигнат поради несогласувања околу „две или три клучни прашања“. Тој нагласи дека двете страни се согласиле за одредени точки, но дека за други постојат сериозни разлики во ставовите.

Иако иранските државни медиуми објавија дека засега не се планира нов круг преговори, Багаеи истакна дека „дипломатијата никогаш не запира“ и дека не било реално да се очекува договор по само една средба.

Тој додаде дека Иран ќе остане во контакт со Пакистан, кој посредуваше во разговорите, како и со други пријателски земји во регионот, но не прецизираше дали ќе продолжат директните разговори со САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Велики Петок – ден што потсетува на жртвата и љубовта, но и на надежта дека по страдањето доаѓа воскресението

„Христос воскресе – вистина воскресе“

Следна објава
Иран постави услови за прекин на војната, еден од нив е САД да му исплати репарации

Според Иран, САД на преговорите барал се што не успеал да добие со војната