Нема истекување на вода од цевката во Влае, постепено ќе се нормализира снабдувањето со вода во Скопје, известија од ЦУК

32

ЈП Водовод и канализација вечерва работи на санирање на сериозниот дефект на водоводна цевка Ф600мм на улицата Франце Прешерн 100Д во населбата Влае.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, нема веќе истекување на вода, а поради големата количина на изгубена вода, нормализирањето со притисокот ќе потрае.

Поради сериозниот дефект без вода останаа Ѓорче Петров, Влае, Карпош и други делови од Скопје, а некаде имаше намален притисок на водоснабдувањето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Директно со Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ
Следна вестЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Водоснабдувањето постепено се стабилизира, екипите работат на терен