Европа се подготвува за нова мигрантска криза. Таквите сигнали од Брисел доаѓаат сега за време на војната на Блискиот Исток.
Во меѓувреме, синоќа на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полицијата приведе 29-годишен државјанин на Турција, кај кого, при контрола на возило со скопски таблички, кај клучката Тремник биле забележани лица кои излегле од автомобилот. По кратка потрага, полицијата пронашла пет мигранти од Египет, кои биле пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија.
Осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.
Ова е последица на стариот бран на мигранти, но надлежните во Македонија треба да се будни и подготвени и за можниот нов бран.
Не така одамна Македонија беше буквално опседната од мигранти оти е дел од таканаречената Балканска рута, низ која илјадници мигранти секојдневно транзитираа кон Западна Европа.
Тогаш беа воведени засилени контроли, огради и меѓународна координација за да се сопре бранот. Таквата будност не е наодмет и сега.




