Ние сме најблиску до еден вид „зелено самоубиство“

Koлумна на Владимир Величковски:

Беше приредено дефиле по повод триесет години од прогласувањето на независна и самостојна Република Македонија со впечатливи ора и игри на повеќе културно-уметнички друштва, со свечено претставување на професија доктори, пожарникари и многу други. Во сеќавање ќе остане историскиот момент на прогласувањето, меѓутоа, со време избледе чувството на гордост и голема радост. Се најдовме во голема криза и зависност од моќните сили, понижени и потиснати. Живееме во време на тешки поделби и немир, долг период на омраза, далеку од слобода и демократија. Порано, во апсурните судири и војни ги броевме убиените млади луѓе, а на некои не им се знае ниту гробот. Во земјата владее хаос и беззаконие, на сила се насилништвото и деструктивните инстинкти: нашите „стручни“ лица (социолози, психолози, министерки и директори) не сфатиле дека психичкото и емотивното насилство може да предизвика потешки последици од физичкото.

Уште една трагична несреќа: во тетовската модуларна болница животот го изгубија четиринаесет луѓе на лекување и тоа во неколкуминутен пожар што ја пеплоса целата болница. (Тоа веројатно можело да се случи и во друга од деветнаесет модуларни болници во земјата, заради веќе изнесените можни причини). Инаку, по бројот на умрени од корона вирусот сме меѓу првите неколку земји во светот. Страшно и во беда! Некој, и во такви трагични моменти има потреба да го обвинува и оцрнува другиот, да бара оставка и не само морална одговорност: тие не предлагаат ново име за министер за здравство кое брзо и компетентно треба да се снајде и ќе одговори на секојдневните ургентни потреби. Отсуството на елементарна култура (и во предизборен период) и сочувствување со настраданите  можело да се „покрие“ (делумно) кога секој од овие многу загрижените би се потсетиле на своите недела. Општо познато е дека во земјата нема доволно образовани кадри и специјалисти, не само во здравството туку и во многу други сфери кои работат во неповолни услови. И во образованието, кое назадува, доминираат кадри од претходниот режим. Школа и наука само за богати.

Ја прекинав работата: на ТВ-програма ја проследив, со восхит моќната песна за децата од Сараево, жртви на бомбардирањето во 1994 година што ја изведоа големиот Павароти и Боно во градот Модена. Наспоредно со тетовската трагедија (дали нешто некогаш ќе не подосвести да бидеме постручни и поодговорни!?) париите ги приложуваат кандидатските листи за градоначалници, наизглед, но и според искажувањата тие се далеку од посакувани кадри: тие упорано  (лажно) ветуваат дека ќе го подобрат животот во градот. Некои упорно тераат (вносна) еко агенда, меѓутоа, ние сме најблиску до едне вид „зелено самоубиство“. Вардар оплитнел до граница на непрепознавање… Мачно чувство! Што може да научат младите во беда и сиромаштија, во земја на насилници и неправди!? Прво дека ќе им требаат врски и пари за да потплатат (кој ќе даде повеќе) итн.

Не е првпат земјоделците, во знак на протест да ги исфрлаат своите производи. Пред некој ден тоа се случи со тони грозје, Покрај немаштијата и невработеноста власта објавува дека земјата напредува.

Претходна вестИма ли крај растот на починати: Денеска 41, единствено што е стабилно е бројот на заразени – 539 нови
Следна вестУште ли ќе царува површноста на властите, а одговорноста ќе се бара кај сите нас?