Во изминатово деноноќие направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
-Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350, се наведува во соопштението.




