Во повеќе скопски средни училишта повторно се добиени закани за поставени експлозивни направи. Според сознанијата, веќе се евакуирани се учениците во гимназиите „Јосп Броз“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“.
МВР попладнево соопшти дека на електронските адреси на 18 училишта, од кои 16 во Скопје и две во Куманово денеска е стигната дојава за поставени експлозивни направи. Дојавата е стигната и на приватните мејлови на девет професори во истите училишта.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од Министерството за внатрешни работи.
Вчера имаше закани за бомби во 16 скопски и 4 прилепски училишта. Проверката утврди дека се работи за лажни закани.
Заканите за наводно поставени бомби почнаа на 26 октомври минатата година, продолжуваат да доаѓаат и во втррто полугодие. Дел од училиштата почнаа да спроведуваат онлајн настава на која учениците треба да се приклучат најдоцна два часа по евакуацијата.


