Ново писание од Груевски: Мицкоски си ја исполни желбата да влезе во јавен конфликт со мене

Нов дел од преписката помеѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Пред малку Груевски на Фексбук напиша:

-Христијан Мицкоски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене, реагира Груевски, екс-премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ кон сегашниот лидер на најголемата опозициска партија.

Тој регира на претпладневнот одговор на Мицкоски на барањето на Груевски да достави доказ дека екс-премиерот прифатил валкана игра со власта со цел да се обезбеди мнозинство за уставните промени. Мицкоски во својот одговор го обвини Груевски дека сака да посее раздор во партијата во корист на власта.

Груевски во објавата напиша дека одговорот на Мицкоскибил како што и очекувал – без никаков доказ или нешто слично, во стилот на „рекла-казала“, “се слуша”, “гласно говорат”, “се фалат” итн.

Тоа ли е политика? Така ли се води партија? Така ли се гради единство во партијата? Мицкоски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене. Некој му кажал дека тоа ќе му е од корист. Провикациите од негова страна не се од вчера, само  што на таа провокација од вчера не можеше да не се одговори, барем со прашања колку да се извади на површина дека Христијан Мицковски изнасилено си создаде нов противник наместо да се занимава со власта, која седма година не може да ја сруши и покрај нивната неспособност, корумпираност и безидејност. Си создава ново алиби за секоја идна намерна или ненамерна грешка и штетна одлука, алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас, потенцира Груевски.

Екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е катогоричен во ставот дека не направил раздор во партијата.

Напишал дека сум сакал да создавам раздор и тој не сакал јавно да се препукува, ќе ми кажел во четири очи. А ме нападна преку најпознатиот германски медиум. Јас знам, а и јавноста, дека со ниту еден збор или потег не сум направил раздор досега, навел Груевски.

Тој додаде дека Мицкоски ја ставил целата партиска машинерија во одбрана на неговите параноични, штетни и безсмислени чекори и политики.

Инаку, претходно Мицкоски наведе дека „еден ден и во четири очи ќе му ги каже деталите врз основа на кои се правела валканата игра“.

Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време, нагласи Мицкоски.

Дали ќе има нов одговор од страна на Мицкоски не е познато.

Претходна вестГрад Скопје е избран за Европска престолнина на културата за 2028 година
Следна вестЛевица: Узурпирани тротоари и преполни паркинзи во Аеродром