Темен режим Режим на светлина

Објавена антологија „Скопски вознеси“ по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес

Издавачката куќа Феникс од Скопје ја објави антологијата „Скопски вознеси“, со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Изборот на поетите и нивните песни го направи Христо Петрески, кој го напиша и поговорот на книгата, а Кристина Николовска е автор на обемниот предговор, соопшија денеска од Феникс.

Во антологијата се застапени 36 поети, меѓу кои и: Жарко Кујунџиски, Стефан Марковски, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Елена Пренџова, Виолета Танчева – Златева, Васил Тоциновски, Иван Џепароски и други.

Во поговорот, меѓу другото се подвлекува дека оваа книга се објавува точно по шеесет години од катастрофалната земјина катаклизма.

-Беше тоа земјотрес на почвата, но и во душата и срцето. Се откорна и откина се што можеше да се откорне и откине. Грозомор – како што ја насловил својата песна Ацо Шопов за она што ја снајде Македонија и македонскиот народ. Поетите, како и птиците, сега вознесено и надалеку ја шират својата песна. Градот Скопје е извор и вруток, заклучува Петрески.

Кристина Николовска во својот критичко-есеистички текст со наслов Град-книга, ќе запише: И го има и го доживуваме славното ни Скопје како стиховен Скопски вознес, како радост на живеењето, како слава на постоењето, како поетска ода, химна на градот-Феникс, како славна песна на прераѓањето, како снажен симбол за обновата, како светски симбол за хуманост, синергија и нова енергија… Како метафора за птицата Феникс, но и како сјајно книжевно дело на издавачката куќа „Феникс“. Ете, такво ни Скопје расте од оваа прекрасна и снажна стиховница која со стих нè израдува, та вдоми цел „град“ стихови понесени од својот град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЕУ пак ни прати порака дека ептен е подготвена да не прими во Унијата

Пак ни кажаа дека имаме уникатна можност да влеземе во ЕУ

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Скопјанец со „град чироки“ тешко повреди 61-годишен велосипедист