Темен режим Режим на светлина

Од 157 казни, 21 биле за мотоциклисти

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои 21 за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, соопшти денеска МВР за контролите извршени во текот на вчерашниот ден.

-Изречени се и 46 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, 10 санкции за користење мобилен телефон и 41 санкција за непрописно паркирање, се наведува во информацијата.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени три албански државјани

Следна објава

Кратко траеше оптимизот: Денеска повторно 17 починати од ковид