Темен режим Режим на светлина

Од ноќеска на полноќ: Поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста

Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена? Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,475 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, ќе се бара одговорост од министерот Демири

Следна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Надрилекар од Кочани ги „инхалирал“ граѓаните со индустриски гас