Од Судан евакуирани четворица македонски државјани

Во текот на вчерашниот ден, од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четири државјани на Република Северна Македонија. Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што упатуваме искрена благодарност, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи..

-Евакуираните граѓани на Република Северна Македонија во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Северна Македонија. До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Северна Македонија, се и Грција и БиХ, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.

-Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected]. Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса [email protected].

Претходна вестПортрет на Ацо Шопов во американскиот весник „Ел Нуево Хералд“
Следна вестИнтер не ја заборава легендата: Пандев доби дрес и овации на „Џузепе Меаца“