Одложено судењето против Менкиноски: Не постои закон кој ќе ни ограничи ние да го истакнуваме македонското знаме

Одложено е судењето што денес требаше да започне во Основниот Суд во Охрид против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, со сонцето од Кутлеш.

Главниот претрес денес беше одложен бидејќи Менкиноски кој сам се брани не го добил барањето за поведување на прекршочна постапка, а треба да знае што содржи истото.

– Јас не се чувствувам за виновен и сметам дека воопшто не постои прекршок, тие немаат закон според кој можат нас Македонците да не репресираат за да не го истакнеме македонското знаме. Поради таа причина тие имаат подведено под нарушување на јавен ред и мир. Значи не постои закон, не постои меѓународен договор кој ќе ни ограничи нас, ние да не го истакнуваме македонското знаме од Кутлеш, вели Менкиноски.

Следното рочиште закажано за 4 јули, Менкиноски очекува во судницата да се појави оваластено лице од МВР кое ќе го образложи обвинението против него.

– МВР не сака да научи дека во прекршочна постапка, согласно закон мора да присуствува на судењета кои ги поднесува против граѓаните. Сега го добив барањето и може да се види има и слики дека ние не го нарушивме јавниот ред и мир. Да видиме како ќе го докажат тоа, рече Менкиноски.

Адвокатот Менкиноски е познат по тоа што ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур поседува 40-метарско знаме со „Сонцето од Кулеш“, а еднаш веќе беше во конфликт со полицијата откако за време на празникот Богојавление го постави на Самоиловата тврдина. Тој тогаш доби прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир.

Претходна вестФотомонографијата „Огледало во Македонија“, ќе биде промовирана на 19 јуни
Следна вестСрбија не го слуша Курти, на уапсените специјалци им определи 30-дневен притвор