Темен режим Режим на светлина

Општина Аеродром: Арсовска наместо да диригира смешни прекршочни решенија да ги упати правниците и инспекторите на повторна едукација

Данела Арсовска, која е единствениот виновник на комуналниот хаос во градот, наместо да диригира смешни прекршочни решенија, неопходно е правниците и инспекторите кои се дел од нејзиниот тим, да ги упати на повторна едукација на Правниот факултет, соопшти денеска скопската општина Аеродром. Општината реагира на казната изречена на неа и на градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евр аод страна на Инспекторатот на Град Скопје за дива депонија кај ФФМ.

Во соопштението Општина Аердором наведува дека непознавање на законите, ниското ниво на политичка култура и политичкото ривалство кое, за жал, кај градоначалничката Арсовска веќе е сведено на ниво на политичка омраза, оди до таму што, по нејзин налог извршителите во градот Скопје добија насока да изречат монтирана и целосно неточна прекршочна санкција.

– Наводите наведени во денешната информација доставена во медиумите, се целосна лага, смислена во центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје. Потенцираме дека, до овој момент до Општина Аеродром нема стигнато никаква документација поврзан со наводите наведени во соопштението до медиумите. По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска, велат од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека Арсовска е единствениот виновник на комуналниот хаос во градот.

-Наместо да диригира смешни прекршочни решенија, неопходно е правниците и инспекторите кои се дел од нејзиниот тим, таа да ги упати на повторна едукација на Правниот факултет, каде ќе ги научат основни принципи за толкување на законот и изрекување прекршочна санкција. Воедно, самата Арсовска наместо да се занимава со наместени, паушални и конструирани постапки со кои дополнително си го намалува рејтингот приближен до „нула“, пополезно ќе биде да посвети на проектите кои ги ветуваше пред граѓаните, како гимназијата во Аеродром, Мега паркот зад ФФМ и Иновацискиот парк зад кулите на Џевахир, додаваат од Општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
За еден месец македонските девизни резерви зголемени за 675,3 милиони евра

Кај српски државјанин пронајдени 47.000 евра, цариниците му одзеле 27.000

Следна објава

На министерот Лога не му се одговараше на македонски јазик, ќе се засенел настанот