Балетската претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, а со кореографија и либрето на Саша Евтимова, премиерно ќе биде изведена на 28 март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје.
„Оревокршачка“ e балетска фантазија за соништата, спомените и вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме.
Ќе учествуваат истакнати македонски уметници, во придружба на оркестарот и хорот на НОБ и ученици од балетскиот оддел на средното музичко и балетско училиштето „Илија Николовски – Луј“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






