Темен режим Режим на светлина

Откриени 116 импланти без дозвола на скопскиот аеродром

Откриени 116 импланти без дозвола на скопскиот аеродром Откриени 116 импланти без дозвола на скопскиот аеродром

Запленети се забни импланти на скопскиот аеродром, откако турски државјанин се обидел да внесе 116 импланти без да ги пријави, скриени во личен багаж, соопшти Царинска управа на Република Северна Македонија.

Имплантите биле откриени при редовна контрола, при што е утврдено дека за ваков вид медицинска опрема се потребни посебни дозволи за увоз, кои патникот не ги поседувал.
Нивната вредност се проценува на околу 16.000 евра, односно близу еден милион денари.

Поради обидот за криумчарење, против лицето е поднесена кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Турски државјанин приведен за дрога и нелегални игри на среќа

Турски државјанин приведен за дрога и нелегални игри на среќа

Следна објава
Хуманитарна акција во Скопје со стотици оброци за бездомни лица

Хуманитарна акција во Скопје со стотици оброци за бездомни лица