Отворен ден во ЈП „Лајка“

Oваа сабота е отворен ден во ЈП „Лајка“. Како што велат оттаму вработените со нетрпение ги очекуваат оние што сакат да вдомат куче да ги посетат.

-ЈП „Лајка“ е во моментов времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом, соопштија од претпријатието.

Тие потсетуваат дека за вдомен миленик не се плаќа ништо, вашиот мелез е единствен и уникатен, вдомувајќи спасувате нечиј живот, добивате безусловна љубов и верен пријател и тоа дека вашиот пример ќе биде поттик за некој друг.

–Многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се на улица. Човекот како фактор, неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштање се примарен причинител за нивната прекубројност. Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател, соопштија од „Лајка“.

Претходна вестДоволен ли е апелот од полицијата за да ги снема насилните возачи во Скопје?
Следна вестМицкоски: Ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно