Темен режим Режим на светлина

Пет победи во низа се надеж за иднината на македонскиот фудбал, Омерагиќ со честитки за младата репрезентација

Омерагиќ: Оваа група ќе покаже колку вредиме Омерагиќ: Оваа група ќе покаже колку вредиме

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина.

„Пет победи во низа за младите селекции се радост и надеж за иднината на нашиот фудбал. Сепак, пред нас е уште многу работа, а овие резултати се поттик да продолжиме уште посилно“, порача Омерагиќ.

Тој истакна дека македонската фудбалска јавност има причина да биде горда и увери дека ФФМ ќе продолжи со поддршка и инвестирање во младите категории, кои се темел на иднината на националниот тим.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од стопен шеќер повредени неколкумина пожарникари, под контрола е пожарот во фабриката „Макпрогрес Винчини“ во Виница

Следна објава

Коњановски со кампањата „Предложи идеја“ на Широк Сокак