Темен режим Режим на светлина

Петта победа во АБА2 лигата за Пелистер

Кошаркарите на Пелистер остварија убедлива победа над Спарс Илиџа (99-71) во мечот од осмото коло од АБА2 лигата.

Босанскиот претставник ја доби првата четвртина со 28-23, но потоа се изгуби или поточно македонскиот прволигаш одигра фантастично како во одбраната така и во нападот за конечни на крајот плус 28.

Пет играчи кај нашиот вицешампион беа двоцифрени, најефикасен беше Карпентер со 23 кошеви, Караџовски пак имаше еден помалку. Мајсторовиќ и Хауард за поразените искомбинираа 30 поени.

Во наредната рунда избраниците на Илиевски ќе се соочат со Сутјеска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Осуденик избеган од Идризово убил скопјанец

Следна објава

Македонија подобра од Кореја, за пласман на 27.место на СП