Во последните 24 часа во Македонија се направени 2827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на ковид-19. Ова го соопшти Министерството за здравство.
Новозаболените се во следните градови: Скопје-345, Куманово-37, Дебар-10, Штип-32, Прилеп-54, Тетово-32, Струга-21, Велес-39, Битола-36, Охрид-34, Кавадарци-29, Гостивар-19, Гевгелија-32, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-16, Ресен-4, Неготино-17.
-Во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.), се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени пациенти е 52949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21931.