Македонија одбројува до влезот во Новата Година! Плоштадите низ целата држава полека се полнат со народ или веќе се почнати забавите за дочек на 2026-та. Кифличките испечени, сармата свиткана, руската салата исецкана, месото подготвено кај оние пак што дома ја дочекуваат. А оние што ќе славата во ресторани веќе се дотеруваат или се на пат кон угостителските објекти.
На скопскиот плоштад веќе започна прославата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа изјави дека дочекот на 2026-та на плоштадот „Македонија“, ќе биде незаборавен, ноќ која повторно ќе го сплоти Градот.
Музичката програма ќе кулминира на полноќ, кога на бината ќе се појави Каролина Гочева.
-Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува. Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава. Се гледаме!, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
И на плоштадите низ цела држава забавите веќе се во тек, Македонците со надеж ја дочекуваат Новата 2026-та!