Подметнувач на пожар во делчевско е снимен на надзорна камера

87

При преглед на надзорна камера, регистрирано е лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните часови на 9 јули, а на снимката се забележува лице кое по палењето бега од местото на настанот.

Инцидентот кој е пријавен до надлежните служби од страна на жител на Делчево се случил во доцните вечерни часови на горенаведениот датум.

Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.

Во услови на екстремно топло време и суво растениe, ваквите постапки се исклучително опасни и можат да доведат до големи пожари и загрозување на животи и имоти, се вели во апелот од надлежните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМВР со детали за ужасот во Прилеп
Следна вестСВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп