Припадници на МВР и Армијата ќе бидат ангажирани како поддршка на Затворската полиција на КПД Идризово. Одлуката е донесена по состаноците на Групата за процена и Управувачкиот комитет одржани во Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК информираа дека еден од главните проблеми со кои се соочува „Идризово“ е недостатокот на кадар во затворот. Велат дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности.
Ќе се бара начин за вработување на нов кадар кој ќе биде одговорен за безбедноста и ресоцијализаицијата на затворениците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: