Едно лице е тешко повредено вчера во Неготино во сообраќајка. Увид на местото извршила увидна екипа од МВР.
– На 07.06.2023 во 14.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Фемо Кулаков“ и „Владо Арсов Шпанац“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Кавадарци и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(26) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.П. констатирани во Општа болница Кавадарци, објави МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




